Гевгелија издржа едно полувреме против Вардар СЦЈС, Металург убедлив против Пелистер

Ракометарките на Вардар СЦЈС и Металург забележаа нови убедливи победи во домашниот шампионат. Избраничките на Симе Симовски ја победија Гевгелија со убедливи 35:18, иако на полувреме имаа само гол предност, 13:12.

Но во вториот дел дојде до израз подолгата клупа и подобрата физичка поготвеност, па домашните ракометарки постигнаа 22, а примија само 6 голови. Гевгеличанки не можеа само со 10 ракометарки да му парираат на разиграниот протинвик, па затоа беа поразени убедливо. Најдобра во домашните редови беше Наташа Нолевска со 11 голови, додека Георгиевска даде 7. Во Гевгелија најдобра беше Јанчеа со 7 голови.

Металург на гости во Битола славеше кај Пелистер со убедливи 34:18.  Ракометарките од Автокоманда водеа во текот на целиот меч, а домаќинот немаше сили да им се спротистави.

Во вториот дел Пелистер успеа да се доближи на само два гола негатива 16:14, но Металург направи серија од 8:0, која ја спласна желбата за отпор кај домаќинките. Најдобра во Металург беше Стојковска со 9, а Величковска и Саздовска дадоа по 7, додека кај Пелистер се истакна Гулицоска со 8 голови

Фото:zrkvardar.mk