Гевгелија издржа едно полувреме, но Металург стигна до осмата победа во осмиот меч

Ракометарките на Металург ја забележаа и осмата победа по ред во тековната сезона на македонската ракометна Супер лига. Во Автокоманда тие славеа над екипата на Гевгелија, со  26:13, откако на полувремето имаа само гол предност  10:9.

Гостинките пружија изненадувачки силен отпор во првото полувреме, но поради кратката клупа комплетно се распаднаа во второто, кога Металург конечно заиграа според својот квалитет. После тоа, гостинките веќе немаше што да бараат во Автокоманда.

Најдобра во домашниот состав беше Гајиќ со 7 голови, додека Саздовска даде 5, а во гостинските состав се истакна поранешната ракометарка на Металург, Драгица Митрова со 8 голови.