Гевгелија го преслуша ЦЕМС

Екипата на ЦЕМС не може да врзе две победи сезонава. Играше дома и повторно загуби овој пат од Гевгелија и тоа со 29:24. Кај гостите посебно се издвои Марија Анчева која со 11 гола беше најдобар играч на теренот.

Изненадувачки добро се носеше ЦЕМС во почетните моменти од средбата и тргна со 4:4. Набрзо, Гевгелија направи мини серија од 3:0 и си обезбеди три гола предност кои им овозможија со водство да продолжат и првиот дел да го добијат со 14:12.

Моментите кои ја одлучија средбата беа во почетните минути од вториот дел каде Гевгелија ги искористи своите можности наспроти промашувањата на ЦЕМС за водство од највиоски плус седум и конечно решавање на средбата.

Кај ЦЕМС само две ракометарки се истакнаа, а тоа беа, Јана Донева со девет гола и Ангела Цветановска со седум. Марија Анчева речиси сама и донесе победа на Гевгелија. На табелата во плеј-аутот при Женската лига нема промени, ЦЕМС е предпоследен, а Гевгелија место погоре.