Гевгелија го доби и дербито против Спартак и лидерското место на табелата

Во директен дуел за првата позиција на табелата во плеј-аут конкуренциајта се сретнаа екипите на Гевгелија и Спартак. До оваа коло водечката екипа забележа пораз и мораше да го препушти врвот на конкурентот. Гевгелија го совлада Спартак 33:28.

Домашната екипа добро го започна натпреварот и веднаш успеа да се одлепи на три гола. Во текот на првиот дел водството на Гевгелија беше постојано и највисоко со пет гола, 11:6. Со поангажирана игра во финишот на првиот дел Спартак успеа да намали само на гол заостанување на полувремето, 16:15.

Вториот дел беше многу интересен, Спартак веднаш изендачи и се играше гол за гол до половината на полувремето. Гостите во тој момент беа поконцентрирани и стигнаа до првото водство 23:25. Составот на Гевгелија успешно се врати од негативата и на крајот од натпреварот со серија од 6:0 стигна до победата.

Во екипата на Гевгелија најефикасна беше Марија Анчева со десет гола, а во поразената екипа Ива Божиновска со девет погодоци.

ГЕВГЕЛИЈА – СПАРТАК 33:28 (16:15)

Сала: 26 април во Гевгелија. Гледачи: 200. Судии: Иван Илиевски и Александар Марковски од Битола. Делегат: Саше Јанкулоски од Битола.

Гевгелија: Каранфиловска, Анчева 10, Мандалова, Џалева, Асановиќ, Митревска 6, Попова, Димова 2, Горковска, Стојанова 8, Чурлинова, Митрова 4, Танева, Попова 3, Хоел.

Седмерци: 3/3. Исклучувања: 10 мин.

Спартак: Андонова, М.Николовска 8, А.Николовска 6, Младеновска, Сандева, Стефановска 1, Величковска 2, Андова 2, Божиновска 9, Мартиновска.

Седмерци: 4/5. Исклучувања: 6 мин.