Гакидова и Молде со втор пораз

Тимот на Молде, каде од оваа сезона игра македонската репрезентативка Ивана Гакидова го доживеа вториот пораз во Првата лига на Норвешка. Откако загубија дома од Фана, ракометарките на Молде беа поразени и на гости кај Фредрикштад со 23:20.

Гакидова на овој меч успеа да постигне 1, откако претходно против Фана даде 3. Следниот меч за Молде ќе биде на домашен терен против Акер, и тоа ќе биде шанса да се освојат првите бодови.

Фото: rbnett.no