Гакидова и Баник Мост поуспешни од Аврамова и Мањаго

Во рамките од второто коло од ЕХФ купот екипата на Баник Мост каде настапува репрезентативката на Македонија, Ивана Гакидова беше убедлива против Мањаго, екипа во која настапува младата Ана Аврамова. Домашната екипа пред 1000 љубители на ракометот оствари висока победа, 30:17 (15:10). Одлична партија одигра ракометарката на Баник Мост, Симона Шаркова која беше најефикасна на натпреварот со осум погодоци. Гакидова и Аврамова на овој натпревар не се запишаа во листата на стрелци.

Реванш натпреварот се игра на 24.10.2015  во Мањаго со почеток од 18:30.