Вујо ќе тестира 23 Словенци за ЕП на двомеч против Хрватска

Противникот на Македонија на Европското првенство во јануари, Словенија ќе има подготвителни натпревари против Хрватска за време на ЕХФ-неделата на крајот од октомври, а селекторот Веселин Вујовиќ веќе се одлучи за ракометарите на кои ќе смета за тие средби.

Во комбинација се 23 ракометари кои се во конкуренција за настап и на Европското првенство. Од нив тројца се голмани, пет крила, тројца пикери и 12 бекови. Се работи за состав со ракометари кои се главно под 27 години, но има и неколку поискусни како Кавтичник, Доленец, Баришиќ-Јаман и Безјак.

Ова ќе бидат интересни дуели коишто со внимание ќе бидат следени и од стручниот штаб на репрезентацијата на Македонија бидејќи тука може да се види дел од играта која Вујовиќ ќе ја подготвува за шампионатот во Хрватска.

Инаку, Македонија и Словенија ќе играат уште на стартот на Европското првенство. Дуелот е предвиден за 13 јануари од 19:30 часот во Загреб.

Во составот се најдоа:

ГОЛМАНИ: Клемен Ферлин (Горење), Урх Кастелиц (Загреб) и Урбан Лесјак (Целје).

КРИЛА: Дарко Цингесар (Аикс), Блаж Јанц (Кјелце), Тилен Кодрин (Целје), Гашпер Маргуч (Веспрем) и Нико Медвед (Горење).

БЕКОВИ: Саша Баришиќ Јаман (Нексе), Марко Безјак (Магдебург), Јуре Доленец (Барселона), Јан Гребенц (Горење), Ник Хенигман (Рико Рибница), Вид Кавтичник (Монпеље), Борут Мацковшек, Јака Малуш, Жига Млакар (Целје), Миха Зарабец (Кил), Алекс Влах и Дани Зуган (Копер).

ПИКЕРИ: Блаж Благотиншек (Веспрем), Матеј Габер (ПИК Сегед) и Игор Жабиќ (Висла Плоцк).