Вујо повторно победи во „Кале“: Единаесетти пораз за Макс Струмица

Македонскиот претставник во СЕХА регионалната лига, Макс Струмица, вечерва во СРЦ „Кале“ беше домаќин на ППД Загреб. Хрватскиот шампион преводен од Веселин Вујовиќ убедливо го совлада македонскиот вицепрвак со резултат  21-40(12-21).

SEHA (rakomet) Maks Strumica-Zagreb-5785

Неизвесен и интересен беше почетокот на натпреварот, се додека хрватските ракометари не го пронајдоа своето темпо. Од минималното водство на струмичките „рисови“ во 8-та минута, составот на Вујовиќ создаде предност од шест погодоци (5-11). Лесните голови од контра-нападите и полуконтрите го карактеризираа нападот на гостите, а во таа игра најдобро се снајде Тим Контрец кој по 20 минути игра веќе запиша пет погодоци зад своето име.

Безидејноста во нападот на домаќините и агресивната одбрана на „плинарите“ ја креираа високата разлика со која Загреб замина на пауза. По првите триесет минути, гостите имаа двоцифрена предност од  11-21, а првиот дел го заокружи погодокот на Соколов од пенал за конечни 12-21.

SEHA (rakomet) Maks Strumica-Zagreb-5785

Во вториот дел Загреб продолжи со исто темпо, гостите ја оддржуваа разлика во првите пет минути, но следуваше период на грешки во нападот кој резултираше со нова серија од четири голови за 14-27 во 40-та минута. Највисоките деветнаесет голови разлика ги постави Ловро Михиќ во 55-та минута од натпреварот за 19-38. Во последните пет минути двете екипи го дочекаа формалниот крај со резултат 21-40.

Најпрецизни кај ППД Загреб беа Ловро Михиќ со осум и Тин Контрец со седум голови, додека Вукиќ и Златко Хорват постигнаа по пет. Кај домаќините Игор Милосављевиќ запиша девет голови зад своето име.

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ