Вујо мајсторе со порака до македонската Влада: ВАРДАР НЕ СМЕЕ ДА ИСЧЕЗНЕ!

На втората титула на Вардар се израдуваа сите, и сегашни и поранешни членови на македонскиот првак. Веселин Вујовиќ, кој беше гостин на отвореното студио на Арена Спорт, испрати порака до македонските власти.

„Ова е феноменална порака до владата на Македонија, до градот Скопје. Тие во својот статут треба да стават дека Вардар треба постојано да биде спонзориран. Постојано сум во контакт со луѓето, со играчите и навивачите на Вардар. Можам да замислам како тие се чувствуваат, луѓето со кои повеќето нема да бидат заедно наредната сезона. Не се знае ни во каков формат ќе постои тој клуб и сепак успеаја да се издигнат над сето тоа и да станат прваци на Европа. Вардар не смее да исчезне“, изјави Вујовиќ.