Вујо ги повикува Словенците: Наполнетe ја салата во Загреб за медал на ЕП

Селекторот на Словенија и поранешен селектор на Македонија и тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ знае дека во јануари Македонија ќе има голема поддршка во Загреб. Затоа уште сега побара од Словенците да ја исполнат Арената во првиот круг и на тој начин да им помогнат да дојдат до добар резултат.

„Кошаркарите го заслужија називот на тим на летото. Ако нашите навивачи бидат со нас на Европското првенство во Хрватска тогаш ние лесно би можеле до победи. Ако дојдат стотици навивачи во Арената во Загреб ние лесно можеме да бидеме репрезентација која ќе биде фаворит за медал на шампионатот“, изјави Вујовиќ.

Тој добро знае што може да се очекува од навивачите од Македонија. Свесен е за она што фановите го направија во 2009 година кога беа со ракометарите на Светското првенство и тоа и во Вараждин и во Задар така што на ваков начин ја бара поддршка од навивачите од Словенија за да може да имаат израмнети сили на двобојот против Македонија. Ова ќе биде пресметка уште во 1. коло и тоа на 13 јануари така што и за двете репрезентации ќе биде важно да отворат со добар резултат.

Во групата каде што се Македонија и Словенија се и Црна Гора и Германија така што ова ќе бидат пеколни средби после кои три селекции ќе си обезбедат место во втората фаза во Вараждин. Распоредот за Македонија е тежок. Во 2. коло на 15 јануари следува дуел против Црна Гора и потоа на 17 јануари против Германија. Ова ќе бидат три тешки дуели за Македонија така што поддршката ќе им биде потребна на репрезентативците на Македонија.