Вујо: Вардар го спаси македонскиот ракомет!

Некогашниот стратег на Вардар, Веселин Вујовиќ секогаш е актуелен низ медиумите. Во интервју за босанските медиуими, тој вели делака Вардар со освојувањето на титулата го спасил македонскиот ракомет.

“Слушаме приказни за тоа како играчите не примиле плата три, шест, па и 21 месец. Но, колку и да не примиле плата, да се направи таа хемија во екипата, да играш знаејќи дека е крај, тоа е големо нешто, изненадувачки, но апсолутно заслужено. Тоа е нешто што го спаси ракометот во Македонија. Вардар да не ја освоеше титулата, кој знае како ќе беше. Се појавија нови спонзори, Владата реагира, значи има позитивни вести. Вардар е македонски бренд и заслужува да држи примат.”, вели Вујовиќ.