Вујовиќ: Moжеби немаме ѕвезди, но имаме мадиња како црковни ѕвона!

Во пресрет на натпреварот од третото коло во ЛШ помеѓу РК ППД Загреб и Металург кој е на програмата во сабота (11 октомври, 18:00 часот) во Загребска арена, РК ППД Загреб одржа прес конференција на која ги искажа своите очекувања за престојниот натпревар.

Веселин Вујовиќ ( тренер, РК ППД Загреб):

Морам да признаам дека овој важен натпревар ни доаѓа во многу незгоден момент. Променливото време кое е актуелно во Хрватска во минатите неколку дена, влијаеше на тоа неколку наши ракометари да добијат висока температура, а исто така имаме проблеми и со двајца повредени ракометари. Тончи Валчиќ не тренира уште од натпреварот со Париз, а Марио Вуглач има повреда на двата скочни зглоба и сигурно нема да биде во составот. Ситуацијата не е најдобра, но претпоставувам дека сите екипи се соочуваат со слични проблеми. Како и да е, ние мора да направиме све што е во наша моќ за да го добиеме овој натпревар, бидејќи Загреб за прв пат во групата ќе биде фаворит на еден натпревар. Знаеме дека улогата на фаворит може да биде голем товар за нашата екипа во однос на искусниот состав на Металург, но наше е да се носиме со тој притисок и да запишеме два бода. Без оглед на проблемите со кои се соочува екипата на Металург, Лино Червар има моќен состав против кој нема да ни биде нималку лесно да дојдеме до победата. Ние можеби немаме некој големи ракометни имиња, но имаме 20 мали звездички кои наскоро ќе сјаат на ракометното небо. Во овој момент на нашите навивачи можеме да им понудиме срце големо како планина, и мадиња големи колку црковни ѕвона.

– заврши во свој стил тренерот на РК ППД Загреб.