Вујовиќ: Ќе ми биде тешко ако ја добијам Македонија за противник, срцето ми остана во Вардар!

Легендата на југословенскиот и светскиот ракомет, првиот ракометар кој во 1988 година ја освои престижната награда “IHF World Player od the year”, миленикот на вардаровите навивачи, некогашниот селектор на Македонија, а сега на Словенија, Веселин Вујовиќ за 24Ракомет во пресрет на ждрепката за ЕП2016 ги пренесе своите размислувања и ставови околу ППД Загреб и репрезентативните обврски.
Човекот кој важи за еден од најголемите југоносталгичари, еден од најголемите спортски промотори на поранешната држава, овој месец застана на чело на словенечката машка ракометна репрезентација со која се надева на големи ракометни успеси.
Токму Вујовиќ и Словенија се едни од можните противници на нашата репрезентација, погледнете што за 24 ракомет пред самата ждрепка изјави популарниот Вуја…