Vujovic i Stevanovic

Вујовиќ: Јас не би бил јас, доколку не верувам во победа во Барселона!

Каталонскиот гигант Барселона славеше победа во преполната „Арена Загреб“ со конечен резултат 23-25. Ракометарите на Загреб беа блиску, но во последните неколку минути среќата не ги посака, на крај мораа да им честитаат на победниците. Тренерот на екипата на Загреб, Веселин Вујовиќ во изјава за хрватската национална телевизија оптимистичен како и секогаш истакна дека е рано да се предадат по првиот натпревар.

Силата и реномето на Барселона, малку ги импресионираше моите ракометари, не бевме доволно концентрирани во текот на натпреварот и тука треба да ја бараме причината поради која го загубивме натпреварот. Сепак одигравме добар натпревар, малку недостасуваше, жал ми е што не победивме поради оваа публика и заради оваа прекрасна атмосфера, но јас не би бил јас доколку не верувам во победа во Барселона!

истакна искусниот стратег на клупата на Загреб.