Вујовиќ: Чак нема никави шанси со мене, јас за Чак Норис сум Веселин Вујовиќ! (ВИДЕО)

Веселин Вујовиќ е тренер кој во секоја земја каде што работи е прифатен со големи симпатии. Така е и моментално во хрватската метропола каде црногорецот заедно со својот ППД Загреб направи сензација елиминирајки го лидерот во Бундеслигата, Рајн Некар Левен.

Во интервју за хрватски Индекс, Вујовиќ говореше за успесите кои ги постигна со ППД Загреб, како и со Словенечката репрезентација која успеа да ја однесе на Олимписките игри во Рио.

Посебно интересен беше коментарот на Вујовиќ во однос на неговата споредба со Чак Норис. На прашањето дали би успеал да го победи во евентуална битка Вујовиќ дециден.

“Ма нема апсолутно никакви шанси со мене. Ја за Чак Норис сум Веселин Вујовиќ!” -се пошегува популарниот Вујо.

Целосниот коментар за споредбата Веселин Вујовиќ-Чак Норис погледнете ја на видеото подоле.

https://www.facebook.com/sport.index.hr/videos/1694119594172660/