Вујовиќ: Хрватска повеќе нема течен напад, Голужа не го вади максимумот од ракометарите

Веселин Вујовиќ, некогашниот најдобар светски ракометар, миленикот на вардаровите навивачи а сега актуелен тренер на ППД Загреб, за хрватските медиуми го анализираше настапот на Хрватска во досегашниот дел од СП во Катар:

Нешто што никој не може да го оспори е тоа што Хрватска во овој момент нема пораз и влезе меѓу осумте најдобри. Но во овој момент никој не ги знае нивните вистински можности. Има многу работи кои треба да се пофалат во нивната игра -желба, борбеност, ангажман, односот кон играта и репрезентацијата од првиот ден не е спорен. Загрижува тоа што по подолго време Хрватска нема течен, вистински напад кој ќе биде опасен за секоја зона.
Бразил е репрезентацијата која прва ја спречи хрватската транзиција и контра. Хрватска во играта “6 на 6”, немаше најдобри решенија. Исто така ни уметничкиот впечаток не заслужува некоја висока оцена. Без оглед на тоа што Голужа до сега форсираше една постава, со Чупиќ и Штрлек на крилните позиции, Вори на линијата од шест, и со Бичаниќ, Дувњак и Копљар на бековските позиции, тоа ми изгледа уверливо. Ми се чини дека од нив не го извлече максимумот, им недостасува самодоверба. Не ги разигра ракометарите кои можат да дадат многу повеќе како Степанчиќ, Карачиќ, Слишковиќ и Брозовиќ. Без оглед на тоа што тие настапија на некој натпревари не е исто кога играш натпревар “да се биде или не”, и кога играш само за некој други ракометари да се одморат. Да тие трчаат, работат , се борат, но во такви натпревари не се добиваат играчи. Но и покрај се, кога ќе ги ставите сите тие работи на страна Хрватска нема пораз на СП.

Вујовиќ даде анализа и за одбраната на противникот на Хрватска во четвртфиналето, репрезентацијата на Полска:

Хрватска има доста резерви и не треба да се плаши за иднината на ракометот. Има голем број на ракометари кои можат да играат уште многу години. Треба мирно да се прифати секој резултат кој ќе следи, иако се надевам дека ќе стигнат до полуфиналето. Тоа би бил добар резултат а потоа што побезболно да се пласираат на ОИ во Рио. Знаете, неблагодарно е да бидете Хрват во ракомет, или тренер, исто како во фудбал во Бразил. Само во Хрватска и Бразил третото место се смета за неуспех.

На крајот Вујовик вели “треба да се биде реален”

Како ретко кога до сега Хрватска имаше време да ги одмори ракометарите, нема болни, повредени. И знаете дека среќата е секогаш важем фактор. Не неа не можеш да сметаш но секогаш е присутна. Затоа на тоа треба да се гледа позитивно, треба да се бодрат тие момци, да им се даде шанса и доколку погрешат. Не им е лесно бидејки ја претставуваат својата земја. Млади се, но се борат. Имаат голема иднина.