Вујовиќ: Сите знаат кој е фаворит во петок, но Загреб им ги замрси конците на многу фаворити!

Легендарниот тренер на екипата на ППД Загреб, Веселин Вујовиќ по победата над Tатран Прешов не го криеше своето задоволство од пласманот меѓу четирите најдобри регионални екипи, но Веспрем е голема пречка која стои на патот до ново финале во СЕХА Фајнл Фор:
Честитам на екипата на Татран за фер и коректниот натпревар, стравувавме од овој меч бидејќи во регуланиот дел од сезоната нè поразија два пати. Во вистински момент покажавме дека сме во добра форма и работите ги завршивме во првиот дел, можевме мирно да го одигрме второто полувреме. Евидентно е дека без Веркич и Кристопанс не се ист тим, во секој случај им честитам на играта. Сите знаат кој е фаворит во петок, но Загреб им ги замсрси конци на многу фаворити затоа треба да се подготвни за нас. Само да не нè налутат.“ низ смеа кажа кормиларот на ППД Загреб, Веселин Вујовиќ.