Вујовиќ: Ракчевиќ ми кажа – оди во Металург, нема да згрешиш!

Момчето кое минатата сезона влезе во првиот тим на Ловќен, а до крајот на сезоната стана и битен член на тимот и црногорски сениорски репрезентативец, е задоволен со изборот на својот нов клуб – Металург. Лука смета дека клубот од Автокоманда е вистинскиот избор и дека е изненаден од брзината со која се развива неговата кариера.

„Се се случува многу брзо, не очекував дека мојата кариера ќе се развива со вакво темпо. Во Македонија заминав во потрага по посилна конкуренција, каде ќе можам да се докажам и да се потврдам. Затоа мислам дека Металург е вистинската средина за мене“, започнува Лука за црногорските медиуми.

кружниот напаѓач дека за својот избор се консултирал и со Младен Ракчевиќ, кој неколку сезони настапуваше за Металург.

„Се слушнав со Младен. Тој го поддржа мојот избор, ми рече дека Металург е вистинскиот избор и дека нема да згешам, дека таму ќе работам со добри луѓе. Би сакал и јас да оставам во Металург таква трага каква што остави Ракчевиќ“, продолжува Вујовиќ.

Црногорецот најавува дека не се плаши од конкуренцијата во тимот и дека со задоволство ќе работи со својот нов тренер Дамир Стојановиќ.

Не се плашам од конкуренцијата. Ќе се обидам со напорна работа да се изборам за поголема минутажа, како што тоа го направив и во Ловќен. Слушнав многу добри работи за тренерот Дамир Стојановиќ и одвај чекам да почнам да соработувам со него. Ќе играме во ЕХФ Купот и во национлните натпреварувања, па ќе има многу натпревари и простор за докажување“, завршува Вујовиќ.