Вујовиќ пак се “закачи” со македонските судии: Полудев кога не сакаат да се ракуваат на крајот на натпреварот!

Во заостанатиот натпревар од 17.коло на СЕХА лигата екипата на ППД Загреб го совлада Борац со 30-25. Но, пред самиот крај на натпреварот поради една судиска одлука која не му се допаднала, Вујовиќ со остар тон му се обратил на судијата Ѓоко Колевски по што бил санкциониран со жолт картон. По ова настанала мешаница на теренот по што морал да реагира и делегатот на натпреварот, Драган Начевски. По завршувањето на натпреварот, Веселин Вујовиќ на прес конференцијата го изјави следново:

Мора да признаам за прв пат откога сум во Загреб така грубо реагирав кон судиите. Не требаше така да реагирам но што да се прави, бев санкциониран. Кога заврши натпреварот им подадов рака на судиите, но тие на тоа само одмавнаа со раката. Полудев. Културно е да се поздрават судиите по натпреварот без разлика на тоа како суделе. Многу бев лут поради тоа, и добро е што играчите ме тргнаа од теренот.