Вујовиќ: Најлошо е што немам што да им замерам на моите ракометари!

Малку му недостасуваше на Загреб да ја изненади Веспрем арената. Еден погодок, една одлука еден потег го одлучија победникот, искуството на противникот е непроценливо, но екипата на Веселин Вујовиќ беше на висина на својата задача. Доколку некој имаше дилеми зошто ППД Загреб е меѓу последните осум екипи во елитното натпреварување, одговорот го доби денес. На прес-конференцијата по натпреварот Вујовиќ и Лука Шебетиќ го споделија ова огромно искуство за младите ракометари на ППД Загреб.

Веселин Вујовиќ, тренер на РК Загреб:

Сакам да му честитам на Веспрем за победата и да им посакам среќа во финале, како што рековме во највата овој натпревар ќе го решава одбраната и тоа се покажа на овој натпревар.За време на натпреварот често губевме со 4-5 голови разлика и трошевме многу енергија за да се вратиме. На крај на натпеварот дојдовме блиску до победа, но квалитетот на Веспрем дојде до израз и им честитам на победата. Најлошо е што нема што да им замерам на моите ракометари во играта.

Неблагодарно е да играте за трето место на вакви турнири бидејќи значи дека сте загубиле во полуфиналето, сигурен сум дека Вардар и ние размислуваме за Лигата на шампионите, и покрај тоа мислам дека ќе одиграме квалитетен натпреавар.

Лука Шебетиќ, ракометар на РК Загреб:

Бевме блиску овојпат имавме шанси посебно во второто полувреме. Кога имавме -5 и -4 успеавме да го стигнеме Веспрем што е за пофалба но нивната подготвеност и квалитет беа пресудни да го добијат натпреварот.