Вујовиќ: Нашата сила е што веруваме во себе!

Втората прес-конференција го најави второто полуфинале од завршницата на регионалното натпреварување. Ортега и Вујовиќ ќе ги предводат екипите на Веспрем и Загреб во полуфиналниот двобој. Иако Веспрем е огромен фаворит, екипата на Вујовиќ и најдобриот поеднинец од вчерашниот дуел Степанчиќ се надеваат на изненадување и ново финале во СЕХА Фајнл Фор.

FLP_5075Хуан Карлос Ортега, тренер на Веспрем:
Очекувам тежок натпревар, Загреб имаат позитивна динамика овој период и секако дека ние сакаме да победиме против Загреб пред нашата публика . Тоа ќе биде нашата мотивација.


FLP_5076Петер Гулјаш, ракометар МКБ Веспрем:
Утре ќе видиме две силни одбрани и се надевам дека ние ќе излеземе како победници.

 


FLP_5070Веселин Вујовиќ, тренер на екипата на Веспрем:
Како прва цел кога станав тенер на Загреб сакав да видам до каде е крајната граница до која овој тим може да се движи. Одевме чекор по чекор и тоа не однесе до полуфинале од СЕХА Ф4 и 1/4 финале ЛШ. Нашата сила е дека веруваме во себе и во нашата игра можеме да играме против било кого и затоа можеме да веруваме во победа во Загреб против Барселона. Имаме млад тим, до пред извесен период во екипата немавме ракометари надвор од Хрватска, во многу натпревари противници ни биле фаворити и сме ги поразиле. Незнам што ќе се случи утре, но доколку во иднина остане овој тим и биде поставен добар тренер, сите ќе се плашат да играат против Загреб. Секое искуство за мојата екипа е добредојдено вклучувајќи го и овој турнир.


FLP_5072Лука Степанчиќ, ракометар на ППД Загреб:
Утре ќе биде огромно искуство да се игра во оваа арена, пред полна сала публика. Одбраната ќе биде клучна за двата тима. Ќе видиме што ќе се случи.