Вујовиќ: Денес бевме посреќни, за разлика од полуфиналето

Хрватскиот шампион ја освои трета позиција во СЕХА лигата оваа сезона. Мешков немаше доволно енергија, сила и играчки кадар да го издржи темпото во сите шеесет минути. Одлична борба, неизвесност и на крај 23-24 за Загреб иако Мешков ја имаше минималната предност по првите триесет минути. По натпреварот тренерите на двете екипи заедно со Вујиќ и Пешиќ ги сумираа впечатоците од овој меч.

Веселин Вујовиќ, тренер РК Загреб

Честитки за тренерот Бебешко кој имаше доста повредени играчи денес. Одиграа квалитетен натпревар во кој одлучуваа нијанси. Денес бевме посреќни, за разлика од полуфиналето. Мислам дека можеме да ја окарактетризираме нашата сезона во СЕХА како успешна.

Сергеј Бебешко, тренер РК Мешков Брест

Сакам да му честитам на колегата и пријател Вујовиќ на фер играта и победата. Се боревме во текот на целиот натпревар, но на крај загубивме со еден гол. Веројатно поради пократката клупа. Се надевам дека во иднина ќе се подобриме.

dejvis prv den-0082

Стефан Вујиќ, ракометар РК Загреб

Тежок натпревар по полуфиналето вчера кога се потрошивме психичи и физички, смогнавме сили за да одиграме добар натпревар и да победиме.

Иван Пешиќ, голман РК Мешков Брест

Горд сум на момците како го одиграа мечот, жал ми е што во полуфиналето изгубивме на таков начин, денес игравме со осум играчи и три голмани, малку сила и среќа и сè е можно. Што е тука е сега се вртиме кон белоруското првенство.