Вујовиќ го препороди Загреб: Елиминиран Колдинг во осминафиналето!

По позитивата од пет голови која ја обезбедија на првиот натпревар во Загреб, момците на Веселин Вујовиќ, во еден тензичен и пред се одличен натпревар во дефанзивата успеаа да ја зачуваат разликата, и покрај поразот од 23-21 (11-9) се пласираа во посакуваното четвртфинале.

КОЛДИНГ-ППД ЗАГРЕБ 23-21 (11-9)

Ракометарите на ППД Загреб влегоа во натпреварот со желба да не му дозволат на противникот во раната фаза да аналура добар дел од предноста за која се изборија на свој паркет. Брзата и подвижна одбрана и разновидните комбинаторики во нападот цели осумнаесет минути го одржуваа Загреб во егал ситуација (6-6). Меѓутоа данците во наредните пет минути одговорија со серија од 3-0 и со головите на Ким Андерсон, Јакобсен и Јенсен дојдоа до +3, 9-6 во 23 минута. Загреб успеа да се врати пред самиот крај на полувремето, кога Ковачевиќ со својот прв гол намали на 10-9, пред непогрешливиот Долк со удар од седум метри (4/4 од 7м) да ги постави конечните 11-9 за Колдинг по триесет минути игра.

Загребчани многу повеќе го посакуваа пласманот во четвртфиналето, па во воведните осум минути на вториот дел успеаа да ја анулираат негативата од полувремето. Хорват со својот трет гол ги врати во водство од 12-13 а во 38-та минута, домашниот стратег повлече очајнички потег внесувајки го во игра ветеранот Стефансон. Колдинг последен пат се обиде да се врати во игра кога на десетина минути до крајот поведе со 19-16, но тоа беше се што успеаа да направат на овој натпревар. До крајот разликата се менуваше помеѓу еден и два гола разлика во корист на Колдинг, за конечни 23-21.

Најпрецизен во екипата на Колдинг беше Долк со седум гола, Обрановиќ го предводеше нападот на ППД Загреб со четири погодоци.