Вујовиќ: Во овој момент, со овој состав, Вардар е многу подобра екипа

Македонскиот првак извојува висока победа против солидниот состав на ППД Загреб во рамките на 12-то коло од СЕХА лигата. Девет голови како мотив за следните седум дена во кои Вардар треба да одигра три регионални натпревари. На прес конференцијата по натпреварот меѓу Вардар и ППД Загреб тренерите на двете екипи заедно со Блаженко Лацковиќ и Јаков Врдољак го анализираа овој дуел.

Веселин Вујовиќ,тренер, ППД Загреб:

Нема некоја голема историја, лошо влеговме во натпреварот со Вардар, тие создадоа висока предност која не можевме да ја достигнеме. Се обидов да им дадам шанса на сите ракометари кои ми се на располагање, игравме претпазливо и гледавме некој да не се повреди. Во овој натпревар, со овој состав, Вардар е многу подобра екипа. Им посакуваме голем успех понатаму во европските купови, а ние ќе продолжиме и понатаму да промовираме нови млади ракометари.

Јаков Врдоњак, ракометар на ППД Загреб:

Лошо го отворивме натправарот, Вардар се одвои уште на почетокот, а ние не успеавме да се приближиме. Се обидовме да се вратиме во игра во вториот дел, но сето тоа беше безуспешно.

Раул Гонзалес, тренер на РК Вардар:

Им честитам на ракометарите на Загреб, тие играат секогаш добро. Знаеме дека имаат многу играчи кои се повредени, а ние ги искористивме неколкуте решенија во нападот, неколку пати играа со Хорват на бек, а тоа е тешко бидејќи тој не е граден како бек. Ние ги одигравме првите 15 минути максимално како во Лигата на шампиони, а се делуваше одлично со Штербик, сето тоа го искористивме и по првиот дел имавме висока предност.

Блаженко Лацковиќ, ракометар на РК Вардар:

Сериозно го сфативме овој натпревар. Успеавме да искористиме се, функционираше нападот, полуконтрата, одбраната и Штербик во првиот дел. Им посакувам на Загреб многу успех понатаму, па да се сретнеме на Фајнл Фор турнирот, не само во СЕХА лигата, туку и во Лигата на шампионите.