Вујиќ го има најубавиот гол на десеттата рунда во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Одличната игра на Загреб во Полска им обезбеди само еден бод. Од Плоцк избраниците на Вујовиќ и покрај бројните повреди се изборија за половичен ефект, а шанса да блеснат добија ракометарите кои обично седат на клупата на хрватскиот шампион. На мечот против Висла, вистинско изненадување беше Стефан Вујиќ. Тој имаше брилијантен натпревар против Бешикташ, а во Полска ги потврди своите квалитети и како награда за добрата игра ја понесе титулата „Најубав гол на 10-то коло“ во елитното натпреварување…