Вук Лазовиќ ќе настапува во Бундеслигата

Поранешниот ракометар на Вардар и член на новосадска Војводина, Вук Лазовиќ од следната сезона ќе игра во Бундеслигата. Црногорецот потпиша двегодишен договор со екипата на Либек, каде друштво ќе му прави уште еден црнгорец, поранешниот ракометар на Металург, Вуко Борозан. Инаку Лазовиќ е во брак со ракометарката на ЖРК Вардар, Барбара Лазовиќ-Варлец.

ВУК ЛАЗОВИЌ:

Многу сум среќен што ќе добијам шанса да настапувам во најквалитетната лига на светот. Верувам дека со мојата долгогодишна работа и труд тоа и го заслужив, а посебно сакам да им се заблагодарам на моите менаџери кои ми овозможија да заиграм во најсилната лига во светот. Верувам во себе и се надевам дека ќе ја оправдам довербата, и едвај чекам да започнат обврските во мојот нов клуб. Либек е голем клуб, вистинска средина за еден играч да напредува и ќе направам се за клубот да остварува добри резултати.