Вуко Борозан во трка за најубав гол во 3. коло од СЕХА (ВИДЕО)

Левиот бек на Вардар, Вуко Борозан би можел да го наследи Јања Војводиќ на врвот во битката за најубав гол во колото во СЕХА-лигата. Борозан е вклучен меѓу петте ракометари коишто имаа најдобри погодоци во 3. коло, а во моментов е во одлична позиција во однос на конкурентите.

Во топ 5 се најдоа и: Доминик Крок (Татран), Саша Баришиќ Јаман (Нексе), Стипе Мандалиниќ (Загреб) и Матич Ведринек (Горење). Се очекуваше и Филип Кузмановски да биде во оваа група, но немаше место за капитенот на Металург.