Вугринец сепак се сели во Катар: Лахвија е новиот клуб на Словенецот

Иако последнава недела имаше најави дека Ренато Вугринец ќе остане во редовите на Металург сепак искусниот Словенец се реши да настапува за катарскиот клуб Лахвија. Во изјава за Македонски спорт, Вугринец ја потврди оваа вест:

Мојата првенствена цел беше да останам во Металург, но клубот реши да сврти нова страна, а во новонастанатата ситуација веќе не се гледам. Сакав да помогнам, но работите се развиваа така како што се развиваа. И претходно се пишуваше за трансфер во Катар, но последната понуда од пред два дена од Лахвија, ја прифатив и таму ќе бидам до крајот на сезоната.