Вугринец, Кокшаров, Периќ…повторно на ракометниот терен (ФОТО)

Поранешните словенечки репрезентативци Урош Зорман и Лука Жвижеј, објавија дека ќе одиграат ревијален натпревар за официјален крај на нивните кариери. „Ракометната симфонија“ ќе биде одржана на 24 октомври годината во „Арена Златорог“, во организација на Словенечката федерација и Целје.

Зорман одигра 255 натпревари, а Жвижеј 217 и стана најдобриот словенечки стрелец на сите времиња со 702 гола. На последниот натпревар освен нив двајца, ќе настапат уште низа актуелни и поранешни ракометари.

На првичниот список се најдоа Никола Карабатиќ, прославениот српски репрезентативен голман и тренер на голманите во Вардар, Дејан Периќ, потоа Алеш Пајовиќ, Уве Генсхајмер, Лук Абало. Би требало да настапат и некогашното лево крило на Целје, а сегашен спортски директор на Вардар, Едуард Кокшаров и поранешниот член на Металург, Ренато Вугринец. Зорман и Жвижеј планираат да ги донесат и Сергеј Рутенка, Икер Ромеро, Вид Кавтичник и Блаж Јанц.