Втор триумф за Риниа во плеј-аутот

Ракометарите на Риниа ја прославија втората победа во разигрувањето за опстанок во Првата лига, откако триумфираа над Младост Богданци со 27-21 во натпревар од 5 коло.

Гостите водеа со 0-1, а потоа се беше во знакот на домашните. Си го фатија редот и уште на полувреме обезбедија висока позитива, 15-7.

Во второто полувреме составите на теренот се измешаа, но тоа не беше пречка за домашните да не попуштат во темпото и ја запишаа втората победа, 27-21.

Најдобри стрелци во победничката екипа беа Адис Салиу со осум и Басри Латифи со пет погодоци, додека кај Младост, се истакна Никола Роглев со шест голови.