Втор пораз за Тунис: Данска убедлива на стартот на ракометниот турнир во Рио

По воведниот пораз од Франција во својот втор натпревар на Олимписките игри, репрезентацијата на Тунис го доживеа својот втор пораз, овојпат убедлив од репрезентацијата на Данска.

Данска прва го отвори резултатот, а предноста во ниту еден момент не ја доведе во прашање. Три голови разлика провејуваа во текот на првата половина од полувремето, за потоа тунижаните да ги загубат сите шанси на овој меч. До крајот на полувремето постигнаа само два погодока, а на спротивната страна силната Данска тоа знаеше како да го искористи и во последните секунди со голот на Хансен ги постави највисоките седум погодоци предност 10-17.

Ниту вториот дел не понуди различен ракомет, разликата растеше, а Данска доминираше на теренот. Пет минути беа потребни за составот на Гудмундсон да дојде до двоцифрена предност (11-21). Тунис успеа да намали неколку голови, а најблиску до резултатот беше на +6 во 50-та минута, но Данците предводени од одличниот Мортенсен дојдоа до убедлива победа со високи 23-31.

Најпрецизни во составот на Данска беа Мортенсен и Сван со по осум погодоци, додека кај поразените Жалуз постигна пет голови, а го следеше Хамед со четири.

По двете почетни победи Данска за два дена ќе се сретне со првиот вистинскиот ривал за место во четвртфиналето репрезентацијата на Хрватска (19:40), додека Тунис првата победа ќе ја бара против силниот состав на Катар.(14:30).