Втор натпреварувачки ден – Преглед на групите Ц и Д (ВИДЕО)

Вториот натпреварувачки ден е на програмата денес и за првпат на теренот ќе се појават репрезентациите од групите Ц и Д. Во Вараждин први ќе ги одмерат силите репрезентациите на Германија и Холандија, додека во вториот натпревар се очекува одлична битка помеѓу домаќинот Хрватска и Шведска.

Вниманието на сите е насочено кон дерби натпреварот од групата Д во Осијек каде што Црна Гора и Србија ќе се борат за првите бодови во групата. Во другиот натпревар Франција ќе игра против репрезентацијата на Словачка.