ВТОРПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: ВАРДАР ЌЕ ИГРА НА СУПЕР ГЛОУБ!

Со освојувањето на европската шампионска титула, ракометарите на Вардар, добија право да настапат на неофицијалното светско клупско првенство, Супер Глоуб.

За разлика од првиот пат, кога Вардар играше во Доха и го освои третото место, сега вардарци ќе патуваат во Саудиска Арабија, каде од ова лето ќе се одржува Супер Глоуб.

Турнирот ќе се игра од 28 август до 1 септември, а комплетниот список на учесници и противниците на Вардар ќе биде познат наскоро.