Вториот тим на РК Вардар одличен во подготовките

Втората екипа на РК Вардар предводена од легендарниот македонски ракометар, Пепи Манасков и неговиот помошник, Аце Станковски  продолжува со одличните резултати во подготвителниот период. Вардарци славеа победа против новиот суперлигаш, РК Работнички со 29 : 23 ( 14 :13). Клучната разлика беше направена во второто полувреме, откако во првиот дел ракометарите на Работнички пружија силен отпор против Вардар. Претходно ” црвено-црните” беа подобри од Тинекс Пролет ( 26 : 22), и РК Прилеп ( 31: 23).

Утре со почеток од 11 :00  часот, Вардар ќе одигра уште еден пријателски натпревар со Тинекс Пролет. Натпреварот е закажан  во СРЦ “Кале”.

Во новата натпреварувачка сезона,  тимот предводен од Пепи Манасков  ќе се натпреварува во првата лига, а според ростерот кој го има на располагање, не би требало да има сериозни проблеми за обезбедување влез во супер лигата.