Вториот тим на ЖРК Вардар ќе одигра пријателски натпревар со Крајова

Вториот тим на ЖРК Вардар на 3 април со почеток од 19:30 во СЦ ,,Јане Сандански” ќе ја пречека романската екипа Крајова во пријателски натпревар. Крајова е меѓу најдобрите четири екипи во Романија а во тимот има и неколку репрезентативки на оваа земја. Овој натпревар ќе биде од големо значење за ракометарките на Симе Симовски пред натпреварите од Купот на Македонија.