Вториот тим на ЖРК Вардар против Лондон во Челинџ купот

Вториот тим на ЖРК Вардар, наредната сезона ќе настапува во Челинџ купот откако во Супер лигата на Македонија заврши на третото место зад ЖРК Металург и ЖРК Вардар.
Младите ракометарки на Вардар во третото коло од Челинџ купот ќе играат против Лондон од Велика Британија. Се работи за млад клуб кој за прв пат ќе учествува на европска сцена. За надежните ракометарки на ЖРК Вардар ова ќе биде второ учество во Европа откако минатата сезона се натпреваруваа во ЕХФ Купот.

Првиот натпревар против Лондон ќе се игра на 14 / 15 ноември во Скопје, а реванш натпреварот на 21/22 ноември во главниот град на Велика Британија.

Сè уште е непознато дали ЖРК Вардар ќе се засилува за новиот предизвик, или ќе се потпре целосно на ракометарките кои го обезбедија третото место во македонската лига минатата сезона.