Вториот ден ја покажа атрактивната страна на ракометот на плажа (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Работите стануваат појасни по вториот ден од Европското првенство во ракомет на плажа. Во машкиот дел од натпреварувањето веќе се издвоија екипите кои ќе се борат за висок пласман, а меѓу нив е и актуелниот шампион и домаќинот на натпреварувањето. Освен Хрватска и Шпанија, досегашниот тек на првенството одлично го одработи репрезентацијата на Србија, а утре во големото дерби ќе се бори за првото место со Русија. Тоа се екипите кои имаат најголеми шанси да стигнат до трофејот, но тука е и секогаш незгодната репрезентација на Украина која ги намачи Хрватите и Шпанците,од групата Б единствени кои можат да приредат изненадување се репрезентативците на Унгарија кои загубија два натпревари по изведување на пенал-рулетот.
Сите денешни резултати и табелите на двете групи можете да ги погледнете подолу:

ГРУПА А
1.CROХрватска 8
1.ESPШпанија 8
3.UKRУкраина 4
4.POLПолска 2
4.GERГерманија 2

6.SWEШведска 0

 01.07.2015
13:00 ХрватскaCRO  POL Полска 2:0 21:14 17:11
13:00 Шведска
SWE – GERГерманија 0:2 14:15 20:12

13:00 Шпанија 
ESP  UKR Украина 2:0 17:16 22:20

18:00 
Хрватска CRO – UKR Украина 2:0 22:21 20:17

18:00
Шпанија ESP – GER Германија 2:0 22:19 22:13

18:00
Полска POL – SWE Шведска 2:0  16:13 22:16 
ГРУПА Б
1.RUSРусија 8
1.SRBСрбија 8
3.HUNУнгарија 4
4.SUIШвајцарија 2
4.NORНорвешка 2

6.ITAИталија 0

01.07.2015
12:00 Русија 
RUS – NORНорвешка 2:0 24:22 24:16

12:00 Швајцарија 
SUI – ITAИталија 2:0 14:9 18:8
12:00 Србија SRB – HUNУнгарија 2:1 15:20 16:15 3:0
17:00 Русија RUS – HUN Унгарија 2:1 15:16 22:16 8:6
17:00 Србија 
SRB – ITA Италија 2:0 24:13 20:14

17:00 Норвешка 
NOR – SUI Швајцарија 2:1 16:18 16:10 7:4

Вториот ден понуди атрактивни потези, зачинети со многу забава. Екипите по почетниот ден се привикнаа на скромните услови кои ги нуди организаторот на овој турнир па затоа денес можеше навистина да се ужива во секој сегмент од ракометната игра на врелиот песок во Лорет де Мар. Во продолжение погледнете ја галеријата од вториот натпреварувачки ден.

[Best_Wordpress_Gallery id=”128″ gal_title=”Lloret MAZI den 2″]

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ