Втора шанса за Металург: Борбата за место во последните 16 започнува од Брест!

Саботното второ коло од групната фаза во Лигата на шампионите започнува со дуелот помеѓу старите познаници, Брест Мешков и Металург. Белоруските ракометни вљубеници за прв пат ќе имаат можност да ги поздрават ракометарите од Брест во Лигата на шампионите. Ова ќе биде директна борба за место меѓу последните 16 екипи, а дуелот започнува во 17:00.


БРЕСТ МЕШКОВ


Квалификантот од овогодинешното издание на Лигата на шампионите за прв пат учествува на ова големо натпреварување. Во последните шест години тие беа во сенка на Динамо Минск, а распадот на овој тим го искористија на најдобар можен начин, со пласман во Групата A. Од Минск дојдоа Рутенка и Бабичев, а со искуството на Никола Манојловиќ и Јанко Божовиќ се здобија со цврстина и стабилност во одбраната.
Во финалето на квалификацискиот турнир, кој беше во нивна организација, го поразија словачкиот шампион Татран Прешов и се изборија за место меѓу Кил, ПСЖ, Металург, Натурхаус Ла Роха и ППД Загреб.
Покрај Шпилер, Рутенка, Вукиќ и Стојковиќ, минатогодишниот финалист во СЕХА лигата, со новите засилувања сигурно си ги зголеми апетитите и амбициите во европските натпреварувања.
Дуелите со Металург во СЕХА лигата секогаш биле возбудливи и интересни, а вистинското лице и квалитет на двата тима ќе ги видиме вечерва. Во еврокуповите тие се сретнале само еднаш, во 2010 година, а тимот од Автокоманда излегол како победник од тој двомечот.

Пристигнаа во клубот:
Јанко Божовиќ (Емсдетен)
Никола Манојловиќ (Рајн-Некар Ловен)
Симон Разгор (Марибор Браник)

Клубот го напуштија:
Алексеј Ушал (Кронон)
Алексеј Хаиса (Кронон)
Денис Волинцев (Гомел)
Милан Џукиќ (Борац Бања Лука)
Роберт Маркотиќ (Аих-Ен Прованс)
Давид Миличевиќ (Самберија)
Јури Татарин (Сингул)
Нериус Атаевас (непознато)

РК Металург vs РК Мешков Брест
02.10.2010 РК Мешков Брест vs РК Металург, EHF Cup – Второ Коло 28:23 (14:12)
09.10.2010 РК Металург vs РК Мешков Брест, EHF Cup – Второ Коло 32:23 (14:13)