Втора радост за кумановки пред своите фанови

После стартната победа минатиот викенд против Пелистер минатиот викенд денеска ракометарките на Куманово стигнаа до нов триумф во Супер женската лига овој пат совладувајќи го составот на Деспина од Прилеп со 28:20.

Кумановки го решија мечот уште во првите 30 минути кога покажаа дека се далеку подобриот тим во овој двобој и наметнаа силно темпо кои им донесе голема предност. До крајотг на првиот дел поведоа со седеум гола разлика и на одмор заминаа со 15:8.

Во вторите 30 минути немаше потреба од форсирање така што Куманово ја чуваше предноста и со 13:12 го доби вториот дел со што остана во голема предност и доби уште три бода.

КУМАНОВО – ДЕСПИНА   28:20 (15:8)

Сала: Христијан Тодоровски Карпош во Куманово. Гледачи 300. Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски од Скопје. Делегат: Цане Куртовиќ од Скопје.

КУМАНОВО: Наумовска, Ивановска 2, Марковиќ 3, Пецанова, Костадиновска 4, Пеовска 9, Дичковиќ, Кипријановска 3, Стојановска, Петковска 4, Стојчевска, Пецевска 2, Трајковиќ 1.

Седмерци: 4/4, Исклучувања:

ДЕСПИНА: Богеска, Е. Рипиловска 1, Јовеска, Седлоска, Крстевска, Спиркоска, Цветкоска 2, Димитрова 1, Л. Рипилоска 1, Далеска 3, Камческа 7, Димитриеска, Димова 5, Ристеска

Седмерци: 5/7, Исклучувања: 2 мин.