Втора победа за Македонија на ЕХФ шампионатот: Против Полска во битка за финале

Женската кадетска репрезентација на Македонија во второто коло од ЕХФ шампионатот салвеше над Фарски Острови со 24:20. По службената победа над Грција и триумфот над Швајцарија, избраничките на Јуле Црвенковска ќе се соочат со Полска во битката за првото место во групата и пласман во финалето.

Нашите девојки го отворија мечот со погодок преку Смајлоска, но гостинките го преземаа водството со 1:3. Беше 2:4, 3:5, пред Тасевска и Кипријановска стигнавме до 5:5. Во продолжение се играше пак гол за гол, пред Трајковиќ во финишот на полувремето да донесе плус 2, 14:12.

Во второт дел островјанките се вратија на 14:14, беше и 16:16. Тогаш се чини почна клучната серија од 4 голови преку Тасевска и Кипријановска и Македонија стигна до 20:16. До крајот на дуелот нашите кадетки искусно го сочуваа водството и обезбедија втора победа на ЕХФ шампионатот со конечн 24:20.

Најдобра во македонскиот состав беше Јована Кипријановска со 7 голови, а Аида Смајловска даде. Утре нашата репрезентација ќе игра против Полска во 19 часот.