Втора победа за кадетките на Македонија

Женската кадетска репрезентација на Македонија се израдува на својата втора победа. Овој пат селекцијата на Македонија беше подобра од Ангола со резултат 24:22 во натпревар од Pрезидент купот во рамките на Светското женско кадетско првенство.

Македонија на полувреме имаше позитива од еден гол (13-12), а во второто полувреме зголеми  на 21:17 ( 49 минута), но расположената селекција на Ангола со серија од 4-0 успеа да изедначи на 21:21. Сепак избраничките на Аце Станковски со одлична игра во последните пет минути се израдуваа на својата втора победа.

Најефикасна беше Сара Ристовска со седум постигнати голови, голманката Драгана Петковска блескаше на голот со 15 успешни интервенции од кои два беа пенали. Следен противник на Македонија е уште една селекција од Африка, Тунис за 17 место, додека Ангола ќе се бори со Парагвај за 20 позиција.