Втората Бизнис трка собра најмногу учесници досега

Втората штафетната трка на македонската општествено-деловна заедница на која настапи и тимот на 24rakomet.mk се одржа вчера, а заврши со победа на комбинираниот тим на Министерствата за финансии и образование и наука. Во победничкиот состав беше министерот Драган Тевдовски, а се трчаше во четири измени по 2 километри на Кејот на Вардар.

Учество земаа вкупно 62 тима од македонскиот бизнис сектор, а зад победниците се најдоа составите на Сивус Спартанс и Телеком Магента 1. Притоа најдобри времиња остварија Сања Костуранова од тимот на Сивус кај жените и Игор Стојановски од Халкбанк кај мажите, кој втора година по ред го има најдобриот резултат.

На Business Run 2017 учествуваа 62 тимови на познати македонски компании, банки, телеком оператори, градежни, осигурителни, трговски, угостителски и софтверски компании, веледрогерии, болници, медиуми, политички партии, адвокатски канцеларии, стопански комори, образовни институции, амбасади итн.

Ова беше второ издание на трката, чија главна цел е јакнење на тимскиот дух меѓу вработените во компаниите и нивно поврзување со останатите фирми учеснички во трката. Тимовите се со мешан машко-женски состав за да се прикаже реалната слика на работната околина во секојдневното работење на компаниите.

Трката беше во организација на здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје.