„Вртенката“ на Ѓукиќ меѓу најдобрите голови, Митревски има една од ТОП 5 одбрани (ВИДЕО)

Ракометарите на Еурофарм Работник со пораз од 30-27 од унгарската Татабања ги завршија настапите во ЕХФ Купот. Сепак, битолчани не разочараа со настапот на последната средба, а десното крило Милан Ѓукиќ имаше одличен настап.

Еден од неговите голови, „вртенката“ во финишот на натпреварот, медиа тимот на ЕХФ ја смести во ТОП 5 голови од последното коло. Погледнете ги ТУКА.

Констанца загуби на гостувањето кај Порто во последниот меч и не обезбеди пласман во четвртфиналето, но нашиот репрезентативец Никола Митревски имаше одличен настап.

Една од неговите одбрани, поточно спречениот зицер на еден од играчите на португалскиот тим, медиа тимот на ЕХФ ја смести во ТОП 5 одбрани од последното коло. Погледнете ги ТУКА.