Време е за репрезентација: Сениорите стартуваат нова мисија – ЕУРО 2020

По клупските настапи минатиот викенд, од денеска стартуваат репрезентативните активностите на сите национални тимови. Дел од нив ќе играат квалификации за Европското првенство во 2020 година, а дел од нив пријателски натпревари.

Нашата репрезентација ќе се соочи со Турција и Грција, додека третиот противник во групата е Исланд, но дуелите со нив ќе биде одиграни во вториот дел од квалификациите, во април следната година.

Според планот на подготовки на РФМ и на селекторот Раул Гонзалез, по денешниот собир, репрезентативците ќе одработат тренинг во СЦ „Борис Трајковски“, додека и утре ќе имаат два тренинга во главниот град. В среда патуваат во Битола и ќе тренираат во салата „Боро Чурлевски“.

На првиот собир ќе доцни само Филип Талески, кој вчера имаше меч за Рајн Некар против Фуксе Берлин во Бундес лигата и би требало на утрешниот утрински тренинг да му биде на располагање на селекторот Гонзалес.

Првиот натпревар против Турција се игра в четврток во Битола со почеток во 20:15 часот, додека мечот против Грција е на програмата в недела во Кожани од 19:30 часот.