Врвот во плеј-аут од Првата лига за Младост Богданци

Во последното коло од плеј-аутот екипите на Астраион и Младост Богданци во директен дуел одлучуваа кој ќе заврши на првата позиција. Астраион пред домашните навивачи загуби 20:24 од Младост и со тоа заврши на втората позиција.

Гостите од Богданци во одлучувачкиот натпревар во сезоната имаа одличен настап и остварија сигурна победа против најголемиот кокнурент за првото место. Натпреварот го започнаа цврсто во одбрана и двете екипи. Водството постојано беше на страната на Младост и се движеше од два до три, а во последните минути од првото полувреме со серија 3:0 гостите да имаат највисока предност 7:12 по 30 минути игра.

Натпреварот продолжи со слаба ефикасност и во втоиот дел, Астраион не успеваше резултатски да се доближи до Младост. Најмногу што направија домаќините е да стигнат на минус три, 16:19 но немаа сили за нешто повеќе. Многу брзо Младост ја врати стандардната предност од шест гола и до крај на дуелот ја задржа без проблеми водството за конечна победа.

Најефикасен во составот на Астраион беше Филип Кавазов со постигнати седум гола, зад него беше Стојан Стојанов со четири гола. Во екипата на Младост Богданци, Митко Стоилов постигна девет гола и беше најзаслужен за победата, додека Илија Динов постигна шест гола.