Врањеш нема милост кон ниеден тим: Манасков и Веспрем го разнесоа Ференцварош

Ракометарите на Веспрем само еден ден по победата над Кил во Лигата на шампионите, одиграа натпревар и во домашниот шампионат, против тимот на Ференцварош. Избраниците на Љубомир Врањеш славеа со убедливи 39:20.

Германскиот тренер во тимот го немаше капитенот Ласло Наѓ и организаторот на играта Мате Лекаи, но и без нив Веспрем делуваше моќно и уште во првиот дел го скрши отпорот на гостите, кога водеше со 18:8. Вториот дел беше формалност и конечниот резултат беше 39:20.

На овој натпревар настапи и македонскиот репрезентативец Дејан Манасков. Тој ја подели минутажата на левата крилна позиција со Шпанецот Кристијан Угалде и постигна 2 гола. Со оваа победа Веспрем го задржува максималниот биланс, 6 победи во 6 меча.