Во фудбалот Барселона, во ракометот Вардар: „Црвено-црно“ се носи и на камп во Шпанија (ФОТО)

Екипата на Вардар во последните три години учествуваше на три Ф4 турнири во Келн, а на два од нив дојде до титулата. Тимот е омилен кај многу фанови не само во Македонија туку и надвор од неа.

Една фотографија која се појави од камп во Шпанија покажува дека и на тренинзите на овој камп децата носат дресови на Вардар што е само показател дека Вардар не е само македонски, туку веќе е и европски бренд.

Она што Барселона е веќе со години во фудбалот, Вардар сега е на пат да го постигне во светот на ракометот така што е јасно дека добрите игри и резултати носат и поголема популарност.