ВО ФОКУС- УНГАРИЈА- Дански зачин по унгарски рецепт! (ВИДЕО)

Ким Расмусен оваа година ја предводи репрезентацијата на Унгарија на континеталниот собир. Данскиот стратег имаше голем удел во издигнување на полскиот национален ракомет, а по освојување на Лигата на шампионите со ЦСМ Букурешт овојпат се одлучи да се посвети на нов репрезетнативен предизвик.

Доколку се оценуваат настапите во подготвителниот период, Унгарија е фаворит од сенка. Добрата игра и победите против екипи како Холандија, Романија и Словенија ги сместуваат унгарките при врвот на европскиот шампионат.

Расмусен на овој турнир нема да може да смета на неколку клучни ракометарки кои имаат повреда или сè уште не се комплетно подготвени да влезат на ракометниот терен. Меѓу нив е Зузана Томореи(десен бек), Сандра Зачик (лев бек), Сабина Мајер (пивот), Дорина Корсос (лево крило), Анико Ковачич (централен бек), како и Зита Сучански која има скршен носм но сè уште не е отпишана од ростерот на Унгарија.

Затоа пак клучен играч ќе им биде легендарната унгарска ракометарка, виртуозот на плејмејкерската позиција Анита Горбиц која не е во својата оптимална форма, откако минатата година паузираше поради бременост.

Унгарија во 2000 година ја прекина доминацијата на Данска и Норвешка и се закити со европското злато, а воедно тоа им е најдобриот пласман досега. На ЕП во Шведска ќе пристигнат како првопласирани од квалификациската група 5, со ист број бодови како и репрезентацијата на Полска.

Унгарија новото европско првенство ќе го започне од Малме каде во групата Ц ќе се сретне со Чешка, Данска и Црна Гора.