ВО ФОКУС -ГЕРМАНИЈА- Нова ера со нов селектор (ВИДЕО)

Најголемите промени во германскиот состав се случија во април, кога федерацијата во заеднички договор, ја раскина соработката со данскиот стратег Јакоб Вестергард и го назначи Михаел Биглер за нов селектор. Со ова Биглер стана првиот во историјата што водел две репрезентации, една машка и една женска на континентални собири во иста година. Тој претходно беше селектор на машката селекција на Полска. Европското Првенство во Шведска, ќе биде првиот предизвик за Биглер, но вистинското доаѓа една година подоцна, кога Германија ќе биде домаќин на Светското Првенство.

Поранешната ракометарка на Ѓер, Сузан Милер не е во плановите на Биглер, иако таа беше најдобриот стрелец на СП во 2013 година. Во неискусниот состав се враќаат Керстин Волболд и Свења Хубер. Младата 19-годишна Емили Болк, најголемиот германски талент последната деценија, ќе биде една од опциите на лев бек, бидејќи повредени се Смитс од Мец и Миневскаја од Лајпциг, а нема да игра ниту Надгорнаја која е бремена. Сите репрезентативки на Германија доаѓаат од домашниот шампионат, освен десниот бек Изабел Клајн, која игра во францускиот Нант. Освен Клајн, Биглер на бековските позиции ќе ги ротира и шутерите Ланг и Наидзинавичиус.

Германија е во Групата Б на ЕП со Холандија, Франција и Полска и се чини дека полската селекција ќе им биде единствената шанса за пласман главната фаза.