Во Скопје ќе се бараат четирите најдобри екипи во Купот на Македонија

Денес во просториите на ракометната федерација на Македонија беа извлечени двојките за 1/8 финалните групи од машкиот Куп на Македонија. Сите средби ќе се одиграат во Скопје, а домаќини на четирите групи ќе бидат Пролет, Вардар, Вардар јуниор и Металург. Натпреварите ќе се одиграат на 18 и 19 април.

Освен во третата група чиј домаќин е Вардар Јуниор, а еден од учесниците е Зомимак, во останатите три групи домаќините се фаворити за пласман на Фајнл Фор турнирот.

Сите учесници по групи можете да ги погледнете подолу.

Прва Група (домаќин Вардар)

Прилеп 2010 – Охрид 2013

ГРК Борец – Вардар

Втора група (домаќин Пролет 62)

Пролет 62 – Работнички

ГРК Лозари – Металург 2

Трета група (Вардар јуниор)

Вардар јуниор – Зомимак

Преспа – Пелистер

Четврта група (домаќин Металург)

Металург – Феникс

Текстилец – Радовиш